​Ова вино е произведено од сортата Мускат Хамбург,  на комплексна црвена почва и на голема надморска височина со извонредно свежа микроклима. Со примена на специфични технологии на одгледување на винова лоза и производство на вино, во ова вино пробавме да ги извлечеме автентичната арома и автентичниот вкус на грозјето, кое овој реон го произведува.

Разиграно и пивко вино, со остаток на природен гроздов шеќер и вкус на цитрус и мед. Се карактеризира со силна мускатна арома помешана со малина. Со подлабоко навлегување во ароматичниот комплекс ќе се осети кајсија, праска, портокал и лимон.

Идеално е со: месо, риба, похована храна, свежи печурки, разни типови кашкавал и десерти.

Се служи на температура од 9-12 степени.

Вино со комплексен овошен вкус и долготраен завршеток.

СУВО БЕЛО ВИНО

Вино со остаток на природен гроздов шеќер и вкус на цитрус и мед.

ПОЛУСУВО БЕЛО ВИНО 

Раскошно, хармонично и добро избалансирано, со препознатлива арома на мед и лешник.

СУВО БЕЛО ВИНО

Ова вино остава впечаток. Се околку овој сестран Совињон е поврзано со љубов.

СУВО БЕЛО ВИНО

Изобилува со овошно-цветни ароми, односно, нагласени комплексни ароми на мандарина и роза.

ПОЛУСУВО БЕЛО ВИНО

Соберете го друштвото, запалете ја скарата и отворете плута од нашиот Мерлот.

СУВО ЦРВЕНО ВИНО

Уживањето е целосно на ваша страна со нашиот Фаворит!

СУВО ЦРВЕНО ВИНО