• Wix Facebook page

... “Потребна е ретка комбинација на почва, клима и грозје за виното да го открие својот вистински карактер. Но тоа е наша работа. И ние тоа Вам значително ви го олеснивме. На Вас останува само да го одберете вистинското ГД Тиквеш вино за Моментот”... 

Fiano

Суво бело вино

Квалитетно вино добиено од старата италијанска сорта Фиано. Раскошно, хармонично, и добро избалансирано со препознатлива арома на мед и лешник. На вкус овошно, со силен и траен завршеток.

Најдобро оди во комбинација со: риба, пастрмка, морски плодови, лесни бели меса, тврди овчи и козји сирења, апетисани, лешници, бадеми и индиски ореви.

Се служи на температура од 8-11 степени.

Favorit

Суво црвено вино

Ова е моќно вино, со полно тело, гранат до темно гранат

 во боја, со овошен карактер. 

На непцето концентрира лесни танини со ароми на шумско овошје, сушени плодови, чоколадо, зелена пиперка, кедар,  тутун и позадинска арома на мајчина душичка.

Виното е комбинација од сортите каберне совињон, каберне франк, сирах, мерло и вранец.

Идеално е со дивеч, бифтек, печено месо и месо на скара, пушено месо и полномасни видови сирење и кашкавал

Се служи на температура од 18-20 степени.

Merlot

Суво црвено вино

Раскошно вино со овошен карактер, полно тело и 

лесни танини. Се одликува со препознатливи ароми на зрела цреша, боровинка, капина и ванила.

Идеално е со црвено месо, месо на скара, тестенини, хамбургери, печен компир како и пржен зеленчук со печурки.

Се служи на температура од 18-20 степени.

Suvo

Gorsko

бело/црвено/розе 1L
Суво Горко
црвено

Добиено од сотрата вранец, вино во кое се сочувани сите особини на сортата и специфичниот тероар. Се одликува со темно црвена боја. Избалансирано на вкус со меки танини и овошни ароми.

Суво Грско
бело

Добиено од сортите смедеревка и жилавка.

Се одликува со пријатни ароми и бледо-зелена боја која е одраз на нежната преработка. На вкус е свежо со пријатни киселини.

Суво Грско розе

Се одликува со боја на калинка и нежни ароми на цреша и боровинка. Свежо и лесно, со позадински цитрусен вкус. Добиено од сортата мерло.