• Wix Facebook page

         Суштина на нашето работење е верувањето дека создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето. Нашиот прилагоден пристап во одгледувањето на винова лоза, што значи обезбедување со потребниот  третман и нега соодветно на секоја парцела лозје, не наградува за возврат, со најдоброто грозје, а понатаму и со благодетот да направиме одлични вина. 

 

 

          Нашата предност е во широката палета на сорти на грозје од сопствени плантажи,  што подразбира контрола на квалитетот на грозјето и можност за избор на соодветната локација. Во винската колекција на ГД Тиквеш се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови , од внимателно избрани сорти , различни клонови одгледувани на надморска висина од 200 - 450 метри.