• Wix Facebook page

 

 

....Природата богато го дарувала Тиквешкиот крај и предодредила токму на ова питомо подрачје од прекрасната македонска земја да се негува винова лоза.

 

....Благодарение пред се на извонредно големата традиција во одгледувањето на виновата лоза, мошне поволните почвено-климатски услови и дугите природни ресурси, ГД Тиквеш бележи повеќе од 60 години традиција во одгледување винова лоза. До 1998 година бевме дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година функционираме како самостоен ентитет. Традицијата на континуиран раст и развој продолжува низ годините со инвестирање во винарскиот сектор, односно започување со проектот за изградба на нова сопствена винарија, ВВМ ГД Тиквеш, во 2013 година.

 

.....ГД Тиквеш претставува основен белег на пулсирањето на градот на лозата па и пошироко. Традицијата и квалитетот се чуствуваат уште при првиот поглед на недогледните плантажи лозје. Беспрекорниот квалитет на винско и трпезно грозје се негува на 800 ха лозови насади. Површините со винова лоза се поделени во шест работни единици, Раец, Шамаци, Љубаш, Трстеник, Сува Гора и Возарци. Големата пространост на која се протегаат,  ги карактеризира со меѓусебна различност и уникатно наследство , во вистинската смисла на тероарот.