• Wix Facebook page

 Во ГД Тиквеш ние работиме како еден тим.

Од Винова лоза, до грозје, па до вино,

тимски обединети да ја оствариме нашата  заедничка цел,...

...Шише извонредно вино на крајот од денот.!

 

 

ВВМ ГД Тиквеш има капацитет за производство на 8 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 12

 милиони литри во наредните три години.

95% од вкупното производство се однесува  на наливно вино за извоз, додека другите 5% се флаширано вино во различна амбалажа. 

Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади, што ни овозможува контрола на квалитетот на грозјето и избор на саканата локација. Со применување на прилагоден пристап во одгледувањето на виновата лоза, и обезбедување на соодветен третман и нега на секоја парцела лозје, настојуваме да го одржиме континуитетот во квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на вината.

Нашата винарската филозофија е да направиме одлични вина кои ќе ја изразат врвноста на исклучителниот тероар, што природата богато го дарувала на овие простори. Во винската колекција се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови, од внимателно избрани сорти и различни клонови одгледувани на надморска висина од 200 - 450 метри. 

ГД Тиквеш годишно произведува околу 9.500.000 кгр. квалитетно винско грозје. Од година во година се пристапува со практика на зголемување на лозовите насади како и пуштање во производство на нови сорти кои дале значаен резултат во повеќегодишното испитување од страна на стручниот тим на оваа компанија.