Широката палета на сорти на грозје од сопствени плантажи овозможува контрола на квалитетот на грозјето, и можност за избор на соодветна локација. Во винската колекција на ГД Тиквеш се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови, од внимателно избрани сорти и различни клонови одгледувани на надморска височина од 200 - 450 метри.

Суштина на нашето работење е верувањето дека создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето. Со примена на прилагоден пристап во одгледувањето на винова лоза, односно обезбедување со потребниот  третман и нега соодветно на секоја парцела лозје, истото не наградува за возврат, со најдоброто грозје, а понатаму и со благодет да направиме одлични вина.