• Wix Facebook page

... “Потребна е ретка комбинација на почва, клима и грозје за виното да го открие својот вистински карактер. Но тоа е наша работа. И ние тоа Вам значително ви го олеснивме. На Вас останува само да го одберете вистинското ГД Тиквеш вино за Моментот”... 

Virgo

Muscat Rose

Полусуво розе вино

​Ова вино е произведено од сортата Мускат Хамбург,  на комплексна црвена почва и на голема надморска височина со извонредно свежа микроклима. Со примена на специфични технологии на одгледување на винова лоза и производство на вино, во ова вино пробавме да ги извлечеме автентичната арома и автентичниот вкус на грозјето, кое овој реон го произведува.

Разиграно и пивко вино, со остаток на природен гроздов шеќер и вкус на цитрус и мед. Се карактеризира со силна мускатна арома помешана со малина. Со подлабоко навлегување во ароматичниот комплекс ќе се осети кајсија, праска, портокал и лимон.

Идеално е со месo, риба, похована храна, свежи печурки, разни типови кашкавал и десерти.

Се служи на температура од 9-12 степени.

Virgo

Temjanika

Полусуво бело вино

 Омилено вино на понежниот пол. Изобилува со овошно-цветни ароми, односно, нагласени комплексни ароми на роза и мандарина. Се одликува со зеленикаво-жолта изразена нијанса.

Доцната берба, комплексниот аромат и остатокот на природен гроздов шеќер го прават ова вино пригодно како со разновидна храна така и со разни десерти.

На вкус е лесно и хармонично, со траен завршеток.

Најдобро оди во комбинација: морска риба, лесни меса со сладок прелив, овчи кашкавал и пршут со суво грозје, апетисани, суво овошје, како и десерти од типот на чоколадна торта, црна алва и разни какао колачи.

 

Се служи на температура од 8 -11 степени.

Virgo

Traminer

Суво бело вино

Тероарот и одличната експозиција спрема планината Кожуф му дава на ова вино богата структура и избалансираност меѓу вкусот и аромите.

Добиено е од уникатната сорта кај нас Траминец Ароматико (Раушедо Вариетет VCR 6), која ја одгледуваме на наши плантажи на чиста локација на висорамнините над  Тиквешкото Езеро.

Ова е богато бело вино со фина винификација и со прилично интензивна брилијантно-златна до сламесто-жолта боја. Виното е дискретно лутникаво на нос и разумно суво со типична арома на каранфилче и рози.

Ова е совршено балансирано вино со свежа киселост и со само еден допир на зачин.

 

Комбинација со храна: пилешко печено, месо на скара, печен компир, пастрмка, печен зеленчук, морски плодови, ладни предјадења, апетисани.

Се служи на температура од 8-11 степени

Virgo

Sauvignon Blanc

Суво бело вино

Се околку овој сестран Совињон е поврзано со љубов. Ова е хармонично вино, со овошен вкус на јаболка и позадински вкус на зелен лимон – карактеристично за нашето виногорје.

Добиено е од бел совињон, од одбрана микролокација на нашите плантажи, со примена на специфични

ампелотехника и винификација. Оваа лимитирана серија ја почна својата приказна во 2014 година. После двегодишно усовршување на технологијата на производство на оваа специфична сорта го пуштивме во промет во Февруари 2016 година.

Многу комплексно вино со хербални ароми, придружени со ароми на нектарина и бела праска  и позадинско тропско овошје.

Најдобро оди во комбинација со: пилешко месо, мисиркино месо, тестенини, овчи кашкавал, фета сирење, козјо сирење, масна бела риба, крап, ракчиња, школки, суши.

Се служи на температура од 8-11 степени

Virgo

Chardonnay

Суво бело вино

Ова е одлично освежувачко вино за топол летен ден, додека уживате под сенките со вашите пријатели.

Виното има специфична арома на тропско овошје и цитруси, со прикриен минерален тон,  добиен од самата почва.

Самиот вариетет R8 VCR,  под влијание на микро климата, за која придонесува Црна Река, го прави ова Шардоне едно од најбогатите и најинтензивните во реонот .

Вкусот на зрела јаболка комбиниран со цитрусна позадина му дава на ова вино лесен , свеж , хармоничен и долготраен шмек со продолжен завршеток .

Најдобро оди во комбинација со: лесни меса(пилешко/печено или во крем сос, мисиркино), пастрмка, лосос, морски плодови,  школки, ракчиња, салати и ладни предјадења.

Се служи на температура од 8-12 степени .