• Wix Facebook page

T I K V E S   W I N E   R E G I O N

 

... “Потребна е ретка комбинација на почва, клима и грозје за виното да го открие својот вистински карактер. Но тоа е наша работа. И ние тоа Вам значително ви го олеснивме. На Вас останува само да го одберете вистинското ГД Тиквеш вино за Моментот”... 

VIRGO

Muskat Rose

         

Ова вино,  произведено од сортата Мускат Хамбург,  на комплексна црвена почва на голема надморска височина и со извонредно свежа микроклима е уникат кој со право го носи епитетот  Вино на куќата. Со специфични технологии на одгледување на винова лоза како и на производство на вино, во ова вино пробавме да ги извлечеме автентичната арома  и вкус на грозјето кое овој реон го произведува.

          Се карактеризира со силна мускатна арома помешана со малина.  Исто, при подлабоко навлегување во ароматичниот комплекс ќе се осети кајсија, праска, портокал и лимон.

 

Овој нектар со позадински вкус на мед кој го дава остатокот на природен гроздов шеќер помешан со цитрусниот вкус му дава на ова вино таква комплексност, што секој љубител на вино ќе се пронајде во ова извонредно вино.

Полусуво вино

Произведено од сортата:  Мускат Хамбург

Надморска височина: 450 метри

Принос:  11.000 кг/ха

VIRGO CHARDONNAY

Суво вино
Произведено од сортата:  Шардоне  
( вариетет R8 VCR )
Надморска височина:  380m
Принос : 6000 кгр / ха

Ова шардоне отсекогаш било еден проект кој се работи со страст кај нас .Првото вино кое е направено уште години пред винаријата беше токму ова шардоне.Виното е од грозје произведено на нашите плантажи на избрани микролокации со примена на комплексни ампелотехнички мерки. Самиот вариетет R8 VCR под влијание на микро климата за која исто придонесува и реката Црна Река го прави ова Шардоне едно од најбогатите и најинтензивните во реонот.

   

 Виното има специфична арома на тропско овошје и цитруси со прикриен минерален тон кој го добива од самата почва .Зрелата јаболка на вкус со цитрусна позадина му дава на ова вино еден лесен , свеж , хармоничен и долготраен шмек со продолжен завршеток .

 

Ова е одлично освежувачко вино за топол летен ден додека уживате под сенките со вашите пријатели .

 


 

VIRGO Temjanika

 Ова вино се произведува од истоимената сорта со примена на специфични технологии на производство на грозје и вино. Се одликува со зеленикаво-жолта изразена нијанса. Изобилува со овошно-цветни ароми, односно нагласени комплексни ароми на роза и мандарина.

Лесно и хармонично на вкус со траен завршеток.

 

Фаворит на понежниот пол. Вино правено со мисла за опуштање во попладневните часови, после напорниот работен ден заедно со вашите пријатели.

 

Доцната берба, комплексниот аромат и остатокот на природен гроздов шеќер го прават ова вино пригодно како со разновидна храна така и со разни десерти.

Полусуво вино
Произведено од сортата : Темјаника
Надморска височина: 350 метри
Принос: 7000 кг/ха

VIRGO Traminer

Добиено од уникатната сорта кај нас Траминец Ароматико (Раушедо Вариетет VCR 6), која ја одгледуваме на наши плантажи на чиста локација на висорамнините над  Тиквешкото Езеро.

Тероарот и одличната експозиција спрема планината Кожуф му дава на ова вино богата структура и избалансираност меѓу вкусот и аромите.

Ова е богато бело вино со фина винификација и со прилично интензивна  брилијантно-златна до сламесто-жолта боја. Виното е дискретно лутникаво на нос и разумно суво со типична арома на каранфилче и рози.

Комплексен овошен вкус со долготраен завршеток.

Ова е совршено балансирано вино со свежа киселост и со само еден допир на зачин. Голтка од ова вино за да се ужива соло или да го понесете на забава. Тоа го извлекува најдоброто од се, од тепсија баник до каламари. А, да не зборуваме и за доброто друштво.

Суво вино
Произведено од сортата:  Ароматичен траминец  (VCR 6)
Надморска височина: 290 метри
Принос: 7500 кг/ха